понеделник, 8 декември 2025

Семејно насилство во Штип, Ростуше, Кисела Вода…

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во Штип 39-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј., кој употребил и тврд предмет.

Во Ростуше полицијата го привела Б.Ј. (28), поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

30-годишна жена од скопската населба Кисела Вода пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К. (32).

И во Галате приведен е Р.М. (37) откако бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и  сестра.

По целосно документирање на сите случаи ќе следи соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ