среда, 11 февруари 2026

Седум возачи – двајца малолетници, приведени за возење без возачка дозвола

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, или доколку се под дејство на алкохол за заеднички придонес за побезбеден сообраќај. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ