среда, 18 март 2026
Поранешен директор и службеници добија кривични пријави

Седум осуденици од затворот во Струмица излегувале кога сакаат, дозволи добивале од вработен без образование за функцијата

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три лица вработени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавените се Б.Ц. (41) од Струмица, поранешен директор на установата, В.М. (36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор, и В.Т. (42) од Струмица, заповедник на затворската полиција.

Според полициските информации, Б.Ц. и В.М., во повеќе наврати злоупотребувајќи ја службената положба, издавале решенија за погодности на осудени лица спротивно на Правилникот за куќен ред. Б.Ц. во три случаи овозможил краткотраен излез од установата на едно лице, додека В.М. во 32 наврати на седум лица им дозволил краткотрајни излегувања, а во два наврати на две лица им овозможил користење на годишен одмор и покрај тоа што не ги исполнувале условите. Исто така, В.М. на четири осудени лица им овозможил прераспределување од полуотворено во отворено одделение без законска основа.

Пријавениот В.Т., пак, добил писмено овластување од В.М. да врши работи од областа на ресоцијализацијата иако не поседувал соодветно образование, а воедно продолжил да ја раководи и затворската полиција, извршувајќи две неспоиви и одговорни работни функции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ