четврток, 26 март 2026

Се запалило возило во Дебар, причините дополнително ќе се утврдуваат

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата „Есат Мезелџиу во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило фиат браво сопственост на С.С.(48) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Toj додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ