Пожарот настанал откако се запалило црево поврзано со плинска боца во кујната на објектот. Вработените во објектот веднаш употребиле противпожарни апарати и успеале да го локализираат огнот пред да се прошири.
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кочани веднаш излегла на терен, ги изнела плинските боци на безбедно и го осигурала целиот простор.
Густиот чад преку вентилацискиот систем почнал да се шири кон станбениот дел, а неколку семејства од блок А во Трговскиот центар превентивно ги напуштиле своите домови додека траела интервенцијата.
„Благодарение на брзата реакција, избегнати се посериозни последици“, велат сведоци од близина на објектот.
На местото на настанот интервенирала и полицијата, а надлежните служби вршат детален увид за да се утврдат точните причини за настанот.






