недела, 14 декември 2025

Се запали глисер во Охридското Езеро, нема повредени

Пожар настанал денеска во глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец, на околу 30 метри од брегот.

Објавено на

часот

Сподели

Минитерството за внатрешни работи информира дека за пожарот било пријавено во 11:22 часот, во СВР Охрид и Eзерската полиција.

„Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција. Од преземените мерки е констатирано дека глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово“, соопшти МВР.

Поради предизвикани оштетувања на коритото, додава МВР, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот се оштетени и два други соседни глисери.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ