вторник, 24 март 2026

Се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа

Скопјанец бил приведен поради заканување на сосетка, кршење ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР – Скопје го привеле Б.Ј., 36-годишен скопјанец. Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С., на возраст од 26 години од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште на едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа, појаснуваат од МВР.

Лицето било пренесено во здравствена установа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ