Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна која ја фрлил кон неа. Жената не била повредена, но исплашена за својата безбедност ги зела децата и заминала кај нејзината мајка.
Два дена подоцна, осомничениот со возило го пресретнал автомобилот во кој била жената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените.
Сопред изречените мерки на претпазливост, осомничениот има забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено му е одземена патната или друга исправа за преминување на државна граница и забрана за приближување или одржување контакти со оштетената.