Вчера напладне во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 11 часот во кругот на установата биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип пак поднесе кривична пријава против П.Г. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
„На 23 октомври 2024 година во Казнено – поправната установа Затвор Штип, при претрес над пријавениот, кој издржувал затворска казна, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја“, информираше МВР.
Вчера попладне пак, во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16:40 часот осуденикот Д.М. бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј. и двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






