„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство. На 01.11.2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на А.К.(20) од Тетово“, велат од полицијата.






