вторник, 17 март 2026

Се обиделе да го убијат со пиштол

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, како и против М.Ч. (58), Ш.Ч. (22), О.Ч. (23) и Б.М. (35), сите од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 6 август 2025 година, пријавените влегле во дворот на Д.Е. (58) во Скопје, каде што се наоѓале и неговите синови О.Е. (26) и М.Е. (18). Тие физички ги нападнале, а првопријавениот К.Ч. со пиштол испукал неколку куршуми кон О.Е., при што му нанел тешки телесни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ