Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот од октомври 2024 година се до почетокот на овој месец неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица – сведоци.
На 4 август годинава полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина, кој не се користи, полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.






