сабота, 26 јули 2025

Само вчера фатени 148 лица без возачка дозвола

Вчера биле издадени 902 платни налози, а од нив дури 148 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 21 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 82 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 193 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 40 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 33 санкции за користење мобилен телефон при возење, а прекршочни санкции добиле и 15 возачи почетници, пет возачи за престигнување и двајца возачи на електричен тротинет.
Исто така согласно Законот за возила, 46 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ