Во првиот случај при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило ауди со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.П. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена пријава по безобѕирно управување со моторно возило.
Утрово пак, во 00:15 часот на улицата „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода З.К.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило мицубиши со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К., и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај, возачката дозвола привремено му била одземена, и истиот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за ббезобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.