недела, 1 јуни 2025

Росоманец го нападнал татко му со стаклен предмет, приведен по пријава до полицијата

Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од Kавадаречко.

Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет.

„Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, појаснија од СВР – Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ