Синоќа околу 22 часот на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.О., на возраст од 36 години од Романија. При гранична проверка и преглед на патничко возило БМВ со романска национална ознака, што А.О. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






