„Вчера во 11:25 часот во ОВР – Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици, мршојадци, што се заштитен и редок вид. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, а од страна на инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје“, појаснија од СВР – Велес.
Ретки птици мршојадци најдени угинати во Кавадаречко, ќе се прави обдукција
Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко, дадени се на обдукција за да се утврдат причините за угинувањето, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Архивска фотографија
Објавено на
часот





