„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на подрачјето на град Скопје, извршија контрола во угостителски објекти и преглед на над дваесетина лица по што лишени од слобода се: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар, како и еден малолетник од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, најавуваат од МВР.






