Од јавното обвинителство велат дека во моментов не можат да се споделат детали за акцијата.
Министерството за внатрешни работи само соопшти дека по обезбедени наредби за претреси и во координација со ОЈО Скопје се преземаат дејствија за обезбедување докази.
Според првични информации од истрагата, Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во координација со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спровеле координирана операција во која биле вршени претреси на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Засега, во акцијата се одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.






