петок, 27 март 2026

Расчистен случајот на денешното убиство во Охрид, осомничениот приведен

Министерството за внатрешни работи експресно го расчисти денешното убиство во Охрид, при што е лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Во СВР Охрид денеска во 8:24 часот било пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.

На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ