четврток, 9 април 2026

Радовишанец приведен – осомничен за подметнување пожар

Приведен е радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело ‘предизвикување општа опасност’. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд-куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот, тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица“, соопштија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Радовиш.

„Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додадоа од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ