недела, 14 декември 2025

Радовишанец и охриѓанец фатени од МВР – алкохолизирани возеле со преголема брзина

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 12:00 часот го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак  брзината е ограничена на 60 километри на час.

Во соопштението се додава дека вчера околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид.

Тој со патничко моторно возило „сузуки” со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ