сабота, 10 јануари 2026

Работник загина по пад од зграда во изградба во Дебар

На 8 јануари 2026 година околу 11:35 часот, во ОВР Дебар од Итната медицинска помош било пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К. (40) од Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, околу 11:15 часот, лицето паднало од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што извршувало работни задачи. И покрај укажаната помош, тој починал на пат кон болницата.

На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од ОВР Дебар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ