понеделник, 7 јули 2025

Работник се здобил со тешки телесни повреди при работа со виљушкар

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во СВР Скопје е пријавено дека вработен во приватна фирма се здобил со тешки повреди при извршување на работни задачи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар, Г.В.(48) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со виљушкар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје“, соопшти МВР.

Од Министерството посочуваат дека увид е извршен од полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ