Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за ЈКП „Дервен“ на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.
Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот се здобил со тешка повреда, скршеница на шака. По укажаната лекарска помош и ставен гипс повредениот бил испратен на домашно лекување.






