Првопријавениот, во својство на одговорно лице во третопријавеното правно лице и второпријавениот, сопственик на третопријавеното правно лице, од катастарска парцела во с.Јаболци, општина Сопиште, за која им била доделена концесија, извршиле пустошење на шума и кражба на дрвна маса заради користење на минерални суровини, а за кое дејствие не поседувале одобрение од Јавното претпријатие „Национални шуми“ за да биде извршено жигосување, одобрение за сеча и транспорт на дрвната маса, со кои дејствија причиниле штета на дрвна маса од 21 кубен метар, односно во износ од 417.722 денари.
Пустошеле шума, краделе дрва – причиниле штета од 417.722 денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(34) и М.В.(60), двајцата од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба на дрва“.

Објавено на
часот