вторник, 24 март 2026

Пушка, куршуми и марихуана најдени кај маж од Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16:10 часот, го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

З.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ