четврток, 15 мај 2025

Пукање во Штип, повредено е едно лице

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите во штипската полиција вечерва околу 21: 30 часот е пријавено пукање во угостителски објект. Притоа е повредено едно лице кое е пренесено во штипската Клиничка болница.

Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот.

На плоштадот „Слобода“ во моментот има полициски службеници и крим техника.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ