четврток, 22 јануари 2026

Пукал во брат му при средба на Попова Шапка

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но, не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.

Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ