Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4-ти кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и седум пожарникари.
„Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани“, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.
На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијаата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.






