недела, 14 декември 2025

Пронајдени починати две лица во нивните станови во Гевгелија

На 07.08.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Неколку часа подоцна, во 16:35 часот во ОВР Гевгелија исто така било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат и М.Р.(45) од Гевгелија. И во овој случај, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Преземена е истата постапка, како во претходниот случај, односно по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, откако увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ