„При контрола во возилото сеат ибица со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото цитроен ц3 со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитниот центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Пронајдени мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари
На 16 октомври 2024 година во 14:30 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги уапсиле Ф.С и О.Ч.Д., и двајцата од Турција, со привремен престој во Скопје.

Фото: Архива
Објавено на
часот