четврток, 10 јули 2025

Пронајдена удавена жена во Дебарското Езеро, нема траги на насилство

Во Дебарско Езеро во близина на градската плажа се удавила жена на 40-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Жената била забележана од две лица кои ја извадиле од вода и се обиделе да ја реанимираат, но, безуспешно.

„По повикот, веднаш пристигнала екипа на Брза помош од Општата болница со проширена дејност. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на жената немало траги на насилство“, потврдија од полицијата.

Извршен бил увид од полиција и дежурен обвинител, телото било дадено на обдукција.

По десетина години, ова е прв случај на давеник во ова езеро. Од 2017 година на градската плажа имаше тимови на спасувачи на вода. Ова лето не функционира спасувачка служба.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ