среда, 25 февруари 2026

Пронајдена почината во пожар 71-годишна жена во скопска Ќерамидница

На 24 февруари, во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот бил изгаснат од eкипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје , а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ