На местото на настанот веднаш реагирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Регионален центар Штип, кој ја подигнал експлозивната направа. По извршен првичен преглед било утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната со калибар од 70 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните институции апелираат до граѓаните во случај на пронаоѓање сомнителни предмети веднаш да ја известат полицијата и да не се обидуваат сами да ги отстранат, поради високата опасност.






