недела, 14 декември 2025

Пронајдена е дрога при претреси во Кавадарци и Неготино

Вчера полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа З.И. (24) од Неготино. При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени 2.000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Во Кавадарци вчера беше приведен Ј.А. (31) откако при извршен личен претрес била пронајдена и одземена зелена растителна материја. При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ