вторник, 8 јули 2025

Пронајдена дрога во Тетово, меѓу дилерите е и 15 годишно дете

Синоќа и рано утрово тетовската полиција, во два засебни случаи пронашла и запленила дрога.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај на улицата „Мирче Ацев” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х., затоа што во неговиот автомобил била пронајдена бела прашкаста материја и предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во вториот случај пак, рано утрово, три часа после полноќ, на улицата „Љуботенска” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15 – годишен малолетник од тетовска Голема Речица кај кого е пронајдена марихуана.

„По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопштија од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ