понеделник, 8 декември 2025

Пронајдена бомба на возило во домашна гаража, сопственикот работи во Италија

Ноќеска, на 6 ноември, во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 1 часот по полноќ, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75  врзана со жица на рачката на возачката врата. Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје. Се преземаат мерки за расчистување

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ