петок, 9 мај 2025

Пронајден возачот на „фиат“ што удрил во тротинет и го напуштил местото на несреќата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28-годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајката, мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники.

Како што се наведува во соопштението, денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. „Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило „фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од  С.К. (28) од Скопје. По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

„Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото ‘фиат’ и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А.. Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ