сабота, 27 декември 2025

Пронајден починат исчезнатиот кавадарчанец

Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, Кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, појаснија оттаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ