вторник, 23 декември 2025

Пронајден малолетникот кој со закана со нож ограбувал аптеки во Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 21 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништво, соопшти МВР.

„Тој заедно со уште едно лице во аптеки на булеварот ‘Јане Сандански’ и во  трговски центар на подрачјето на Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари. Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ