среда, 18 март 2026

Пронајден кокаин во Tетовско, приведени две лица од Брвеница

Ноќеска, при сообраќајна контрола во Тетовско, во возило се пронајдени 100 грама кокаин. Приведени се возачот и неговиот сопатник од возилото.

Објавено на

часот

Сподели

„На 04.09.2025 во 02:05 часот кај клучка Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода И.С.(23) и Н.С.(28), двајцата од Брвеница. При преглед на патничко возило „бмв” со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а сопатник бил Н.С., пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ