понеделник, 16 март 2026

Приведувања, физички напади и закани со нож, обележје на минатото деноноќие во Тетово и Гостивар

Полицијата во Тетово и Гостивар постапува по повеќе пријави за семејно насилство, тепачки и нарушување на јавниот ред и мир, а дел од инволвираните лица се приведени.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне во СВР Тетово, 29-годишник од Тетово пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот постар брат А.Б.

Истиот ден во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С., постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син.

Во исто време во ОВР Гостивар, Л.А. од селото Здуње пријавил дека бил физички нападнат од И.К. поради претходно меѓусебно недоразбирање.

Вќерта пак, во селото Желино, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К., по претходна пријава дека во автобус со остар предмет му се заканувал на Н.Ќ., исто така од Желино.

од МВР велат дека по документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни пријави.

Утрово час и половина по полноќ во СВР Тетово сами се пријавиле Б.М. и Б.М., двајцата од селото Требош. Според пријавеното, претходно поради недоразбирања тие со уште неколку лица физички го нападнале Е.Б. од Тетово и му одзеле торба со пари, лични документи и други лични предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Еден час подоцна во ОВР Гостивар, Х.А. од селото Дебреше пријавил дека бил физички нападнат во парк во селото Врапчиште.

„Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Синоќа пак, во СВР Тетово, С.Н. и А.М., пријавиле дека група малолетници на улицата „Илинденска“ го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, упатувајќи пцовки и навреди кон нивните малолетни деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ