четврток, 22 мај 2025

Приведни двајца гевгеличани за шверц на мигранти, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

На граничната линија помеѓу Република Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, синоќа во 19.30 часот забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17-годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото. Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49-годишната В.Т., двајцата од Гевгелија. Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ