недела, 27 јули 2025

Приведено лице во Битола што пукало во полициски службеник

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид во Битолско на локација каде едно лице по кое, според првичните сознанија, полицијата трагала, пукало со огнено оружје кон службени лица, соопшти Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат, полициски службеник возвратил, при што лицето е повредено, по што е лишено од слобода и задржано на лекување под надзор.
Јавниот обвинител издава наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ