Според МВР, претходно, во 00:23 часот на улица Осоговска во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода В.В. од село Бориево, општина Босилево.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило голф со струмички регистарски ознаки, кое го управувала В.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во билтенот на МВР.