понеделник, 22 декември 2025

Приведени тројца дилери од Велес: Ја фрлиле дрогата од автомобил

Објавено на

часот

Сподели

По преземени мерки и активности во близина на расадник во Велес, околу 06.30 часот полициски службеници ги затекнале Е.М.(35) и С.В.(39) од Кочани, кои биле паркирани со патничко возило „мерцедес”, со кочански регистарски ознаки, како купуваат дрога од Д.В. од Велес.

Откако ги забележале полициските службеници, Е.М. од прозорецот на возилото исфрлил поголемо пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено, а двете лица се веднаш приведени во полициска станица. Малку подоцна е приведен и Д.В., во чиј дом и помошни простории, по наредба на судија за претходна постапка од Основен суд Велес, бил извршен претрес, при што се пронајдени три пакувања со марихуана и една вага, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ