„Тие се сомничат дека околу 19 часот во село Трубарево, Скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото“, соопштија денеска од МВР.
Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.