Во село Јосифово струмичката полиција го приведе Т.Ј. (52) од село Удово, Валандовско, кој управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој добил тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.
Во Крива Паланка утрово на магистралниот пат А2 во село Гиновци, Општина Ранковце, полицијата го приведе М.Ц. (38) од Радишани, Скопско. Тој возилото „мазда“ го управувал со 2,13 промили алкохол во крвта.
Утрово и во Берово бил приведен пијан возач. На регионалниот пат Делчево-Берово, во село Смојмирово, полицијата го приведе А.Н. (30) од село Црник, Пехчевско, откако при увид по претходно случена сообраќајна незгода, му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.