недела, 15 март 2026

Приведени тројца осомничени од автомобилска работилница во Тетово – пронајдени украдени предмети

Полициски службеници од СВР Тетово, на 14 март во 11:45 часот во Тетово,  со судска наредба извршиле претрес во автомобилска работилница на Б.И.(35) од Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Б.И. (35) од Тетово, Д.А. (27) од с. Мала Речица и С.Р.(30) од с. Долно Палчиште се лишени од слобода, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека ноќта помеѓу 12 и13 март во Тетово било опожарено патничко моторно возило „фолксваген – туарег“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ